Олстар-мечот донесе шутерско шоу, но и недоволно атракција (Видео)

Екипата на Леброн Џејмс ја победи екипата на Јанис со 178:164 во Олстар-мечот кој утрово се одигра во Шарлот. Интересно е што во поголем дел од средбата, тимот на Леброн беше во негатива, но со одлична игра во последната четвртина, па на крајот стигна до двоцифрен триумф.

Кевин Дурант е избран за најкорисен играч на мечот. Тој имаше 31 поен, седум скока, две освоени топки и асистенции, како и една блокада. Вторпат во кариерата Дурант е МВП на Олстар-меч, откако тоа признание го доби и во 2012 година. Тој е само 14-ти играч во историјата на НБА што двапати бил прогласен за најкорисен на Олстар средбата.

Џејмс даде 19 поени, колку што имаше и Леонард, додека Клеј Томпсон застана на 20 поени кај победничкиот тим. Кај поразените, најефикасен беше капитенот Јанис. Грик Фрик даде 38 поени, а имаше и 11 скока и 5 додавања, па ако неговиот тим победеше, сигурно ќе беше прогласен за МВП. Пол Џорџ додаде 20 поени за поразените.

- Оглас -

Најнови вести