Леброн се откажа од „шестката“ во чест на Бил Расел

Ѕвездата на ЛА Лејкерс, Леброн Џејмс, во новата сезона нема да настапува со бројот шест на неговиот дрес, туку со 23-та со која играше на стартот од кариерата.

Џејмс бројот 23 го носеше на стартот од НБА-кариерата во Кливленд кавалирс. Кога се пресели во Мајами хит, ја задолжи „шестката“, а по враќањето во Кливленд повторно ја зеде 23-та. Кога пристигна во ЛА Лејкерс, прво го носеше дресот со број 23, а во 2021 година го смени со шестката, а сега во чест на легендарниот центар на Бостон селтикс, ќе му се врати на првиот број.

По смртта на Бил Расел, човекот кој имаше повеќе шампионски прстени од прстите на рацете (девет титули освои како играч на Бостон и две како тренер), НБА ја повлече шестката од употреба.

НБА им дозволи на кошаркарите кои пред смртта на Расел (31 јули 2022 година), кои ја носеа „шестката“, да продолжат до играат со тој број до крајот на кариерата, но Џејмс одлучи да се врати на 23-та и во чест на легендарниот центар.

- Оглас -

Најнови вести