Леброн Џејмс се врати на терените по пауза од речиси две седмици, опоравувајќи се од повредата на коленото.
„Кралот“ со трипл дабл од 29 поени, 13 скокови и 10 асистенции беше најдобар во победата над Њујорк никс и тоа по продолженија од 122:115.
Интересно е што на само неколку секунди пред крајот на регуларниот дел, Лејкерси водеа 111:106, а во два напади гостите израмнија преки Ер Џеј Барет, кој набрзина даде пет поени, но, сепак гостите од Њујорк немаа сили за комплетен пресврт во продолжението.
НБА
Шарлот хорнетс – Мајами хит 86:104
Вашингтон визардс – Феникс санс 80:95
Лос Анџелес лејкерс – Њујорк никс 122:115 (111:111)
Портланд трејлблејзерс – Милвоки бакс 108:137
Сакраменто кингс – Оклахома сити тандер 113:103