Лос Анџелес лејкерс и Бруклин нетс вечерва победија во своите натпревари од НБА лигата, а одлични вести за овие два тима се и што конечно се комплетираа и сите нивни најголеми ѕвезди повторно се на терен.
Леброн Џејмс се врати после паузата и во победата над Индијана од 122-115 придонесе со 24 поени, 7 скока и 8 асистенции за 28 и пол минути игра. Прв стрелец на актуелниот првак беше Ентони Дејвис со 28 поени, а имаше и десет скока.
Мрежичките славеа против Чикаго булс со 105-91, а после три месеци, конечно заедно заиграат Ирвинг, Дурант и Харден. Кајри Ирвинг со 22 поени беше најефикасен, КД и Брадата одиграа послабо, не ни играа премногу, и сега гледа дека не се 100 проценти подготвени, но самото нивно појавување на паркетот е супер за Бруклин.
Најдраматично беше во „Медисон Сквер гарден“ каде Њујорк никс по продолжение го победи Шарлот со 118-109. Хорнетс се спасија од пораз со кош во последната секунда од регуларните 48 минути, но во дополнителните пет минути како да снемаа сили.
Ова е најатрактивното забивање на Џејмс со кое докажа дека повредата е минато:
https://twitter.com/i/status/1393620282275889157