Леброн со трипл-дабл за три четвртини, Дончиќ правеше шоу пред меч (Видео)

Неиграњето на Ентони Дејвис го принуди Леброн Џејмс сам на грб да го носи тимот на Лос Анџелес лејкерс и направи трипл-дабл во победата од 119-112 над Оклахома Сити тандер. За Езерџиите ова е петта победа по ред, втора по ред со играње на екстра време, а со триумф дојдоа по едно продолжение.

Во регуларниот дел, Џејмс утна шут за победа во последната секунда. Леброн средбата ја заврши со 28 поени, 14 скока и 12 асистенции.

Далас славеше против Минесота со 127-122 откако Лука Дончиќ доби голема помош од своите играчи, Словенецот со 26 поени не беше ни прв стрелец во својот тим. Лука пред натпреварот на загревањето покажа дека знае да даде кош на разни начини:

 

https://twitter.com/i/status/1358950200568655873

- Оглас -

Најнови вести