Леброн влезе во плејоф-мод, Лејкерс имаше епски камбек против Хјустон (Видео)

Непосредно пред мечот со Хјустон рокетс, легендарниот Леброн Џејмс најави дека ќе направи сè што е во негова моќ за да му обезбеди на Лос Анџелес место во разигрувањата. Моќта на Леброн беше демонстрирана уште во првиот натпревар по завршувањето на Олстар-мечот.

Лејкерс се дури на 10-тото место на Западната конференција и мора да влезат во серија победи ако сакаат да се пласираат во плејофот. Токму тоа е и целта на Џејмс, кој обично во подоцнежниот дел од сезоната влегува во препознатливиот ритам за него .

Хјустон имаше водство на полувремето, а во третата четвртина „ракетите“ стигнаа и до предност од 19 разлика, но тогаш се налути Џејмс, а Лејкерс го започнаа големиот пресврт. На 4:15 минути  до крајот на мечот, Лејкерс поведоа со 98:97, што беше прво водство за домаќините уште од средината на првата четвртина.

На крајот Лејкерс победија со 111:106, а Леброн заврши со 29 поени, 11 скока и шест асистенции. Одличен беше и Инграм со 27 поени. Првата ѕвезда на Хјустон, Џејмс Харден, едвај успеа да стигне до границата од 30 поени.

Во интересен меч со неизвесна завршниц, шампионот Голден стејт славеше против Сакраменто со 125:123. Најефикасен кај „воините“ беше Стеф Кари со 36 поени, а Кевин Дурант додаде 28 поени.

https://youtu.be/N5t6s3NJDL4

Во останатите мечеви кои се одиграа ноќеска резултатот беше: Кливленд – Феникс 111:98, Филаделфија – Мајами 106:102, Бруклин – Портланд 99:113, Милвоки – Бостон 98:98.

- Оглас -

Најнови вести