Леброн за играњето во празна сала: Ми фалат свирежите од противничките фанови

Играњето во празна сала и во комплекс кој е затворен за јавноста е чудно, велат НБА-кошаркарите. Не е важно дали сте дебитант или ветеран, на играњето во празна сала и со виртуелни навивачи никој не може да се навикне.

И на Леброн Џејмс од ЛА лејкерс, кој е еден од најдобрите во историјата и 17 години игра во НБА, му недостасува присуството на навивачите, дури и оние противничките, кои постојано го исвиркуваат и го навредуваат.

„Уште не можам да се навикнам на играњето во вакви услови. Многу е чудно, тешко ми е да фатам натпреварувачки ритам. Многу, многу долго време не сум играл во празна сала. Покрај тоа, темно е, пердув да падне на паркетот ќе се слушне“. вели Џејмс, кој сепак игра добро и има просек од 21,6 поени, 9,6 скока и 6,4 асистенции по меч, а погодува 45,2 отсто од шутевите од поле.

„Недостасуваат навивачите. Се надевам дека пандемијата ќе заврши и фановите ќе се вратат во арените. Ми фалат нашите навивачи во Лос Анџелес, но и оние кои се против мене и постојано ме исвиркуваат“, заклучува Кралот Џејмс.

- Оглас -

Најнови вести