Лече во 90+3 минута го шокираше Јувентус (Видео)

Лече и Јувентус одиграа нерешено 1:1 во дуел од 14 коло на италијанската Серија А. Ремито е шок за Јувентус затоа што фаворитот имаше водство, но буквално во последната минута прими гол и на крајот двете екипи освоија по еден бод.

Андреа Камбијасо во 68 минута шутираше од далечина, топката удри во еден домашен играч и заврши во голот за водство на Јувентус од 1:0. Тој погодок може да го видите ТУКА.

Водството на Јувентус траеше буквално до последната минута од мечот. Хрватскиот интернационалец Анте Ребиќ ги шокираше гостите со погодокот во 90+3 минута, а за голема радост на домашните фанови на Лече.

Голот на Ребиќ може да го видите ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести