Легенда на Реал тврди: Не ни треба Мбапе, имаме подобар од него кој може да стане Бог на фудбалот

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Хозе Марија Гутиерес Гути, смета дека претседателот на кралскиот клуб, Флорентино Перес, не треба воопшто да се обидува да го донесе Килијан Мбапе на „Сантијаго Бернабеу“, бидејќи во тимот има подобар напаѓач од Французинот.

Според Гути, кој е еден од најомилените фудбалери на навивачите, Бразилецот Винисиус Жуниор е подобар играч од Мбапе.

„Не знам зошто Реал го сака Килијан Мбапе кога го има Винисиус Жуниор. Мбапе е одличен фудбалер, но Винисиус е уште подобар. Има поголема брзина, подобра техника, дава повеќе голови и има повеќе асистенции. Неговата моментна форма е неверојатна, како и стравот кој го влева кај противничките уграчи играчи. Ако биде подоследен во завршното додавање, Винисиус ќе стане Бог на фудбалот“, смета Гути.

- Оглас -

Најнови вести