Легенда на Рома најави трансфер-бомба: Осимен следната сезона ќе игра за Јувентус!

Легендата на Рома, Роберто Пруцо, изјави дека следен клуб на напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен, кој сега е позајмен во Галатасарај, ќе биде Јувентус.

„Знам дека Осимен ќе оди во Јувентус следната сезона. За ова бев информиран од сигурен извор близок до Нигериецот“, рече Пруцо.

Осимен има постигнато 22 гола и направи пет асистенции на 28 натпревари за Галатасарај во сите натпреварувања оваа сезона. Договорот со Наполи му е до летото 2026 година.

Коментар на тврдењето на Пруцо даде и познатиот новинар експерт за трансфери, Николо Скира.

Не е тајна дека Виктор е стара опсесија на техничкиот директор на Јувентус, Кристијано Џунтоли. Односот меѓу Џунтоли и агентите на Осимен е одличен. Тешко дека претседателот на Наполи може да одлучи да го продаде Осимен на директен италијански конкурент, но Осимен ќе се врати во Наполи од Галатасарај на крајот на позајмицата и ќе биде ставен на трансфер-пазарот во летниот преоден рок. Целта на Наполи е да заработи 75 милиони, но цената може да падне бидејќи веќе наредното лето во 2026 Виктор би бил слободен“, рече Скира.

- Оглас -

Најнови вести