Легендарниот Бразилец реагира: „Не го сакам Анчелоти во репрезентацијата“

Сè поизвесно е дека репрезентацијата на Бразил најдоцна налето ќе има нов селектор. Пред седнување на клупата на Бразилците е легендарниот Карло Анчелоти, кој во моментов е тренер на Реал Мадрид.

Големи полемики има по ова прашање во Бразил, а сега со свој став се јави и легендарниот Ромарио.

„Отавете го Анчелоти, сакам да го гледам Динис до крајот. Сакам да му честитам на претседателот на Фудбалскиот сојуз на Бразил, Едналдо Родригес, бидејќи направи одлична работа кога го избра Динис. Нему му треба уште време за да почне да работи во репрезентацијата исто како и во клубот. Одиграа нерешено и загубија на последните два натпревари, но никој не може да победува цело време“, вели Ромарио.

Договорот на Карло Анчелоти со Реал Мадрид завршува на крајот од тековнава сезона и според сите најави, легендарниот Италијанец ќе биде новиот селектор на репрезентацијата на Бразил.

- Оглас -

Најнови вести