Еден од дефанзивците кои го одбележаа 21-виот век, Пепе, одлучи на 41-годишна возраст да се повлече од активното играње фудбал. Португалецот си заминува со 837 одиграни натпревари и 37 трофеи во кариерата.
Пепе е роден во Бразил, но на 18-годишна возраст прави трансфер во Маритимо, а потоа одлучува да игра и за репрезентацијата на Португалија, со која стана европски шампион во 2016 година. На последното Европско првенство во Германија постави рекорд како највозрасен фудбалер кој играл на континентален собир.
Португалецот посебно ќе биде запаметен по својот престој во Реал Мадрид, во периодот од 2007 до 2017 година, кога освои по три трофеи од Лигата на шампионите и Ла Лига. Кариерата ја завршува како фудбалер на Порто.