Легендарниот Дончевски купи членска карта на Вардар

Легендарниот македонски тренер Андон Дончевски купи членска карта и даде јасна поддршка за акцијата на фудбалскиот клуб Вардар.

„Да му помогнеме на Вардар, да ја воздигнеме Македонија. Ве поздравувам мои Комити, мои внуци, мои јунаци Македонски“, беше пораката од Дончевски.

Популарнот чичко Дончо беше тренер на Вардар во шампионската сезона 1987, кога Црвено-црните станаа прваци на СФР Југославија.

Вардар прави акција за купување сезонски билети само за 1.000 денари, пари кои треба да се користат за спас на најтрофејниот клуб во Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести