Легендарниот Дрогба заплови во тренерски води, ќе биде селектор

Легендарниот фудбалер на Брегот на Слоновата Коска, но и на Премиер лигата, Дидие Дрогба, неодамна се здоби со Про лиценца и веднаш го пронајде својот прв тренерски ангажман.

Тој ќе биде селектор на неговата матична држава, Брегот на Слоновата Коска, а пред себе има три задачи кои му ги постави раководството на Фудбалскиот сојуз. Од него се бара да ги освои трофејите од африканскиот Куп на нациите во 2024 и 2025 година, како и да се квалификува на Светското првенство во 2026 година.

Сè уште не се познати членовите на неговиот стручен штаб, но еден од нив треба да биде Јаја Туре.

 

- Оглас -

Најнови вести