10.8 C
Skopje
понеделник, 27 октомври 2025

Легендарниот Едисон Кавани ја заврши репрезентативната кариера, нема да игра на Копа Америка

Легендарниот уругвајски напаѓач Едисон Кавани објави дека ја завршува репрезентативната кариера на 37 години и во иднина ќе се посвети само на клупскиот фудбал. Напаѓачот во моментов е член на Бока јуниорс, каде што потпиша минатото лето и по 16 години се врати во Јужна Америка откако во 2007 од уругвајскиот Данубио се пресели во Палермо.

Кавани се повлекува како втор на листата по бројот на настапи за Уругвај и втор по бројот на постигнати голови, зад Луис Суарес, кој е прв и во двете конкуренции. Триесет и седумгодишниот Уругваец во својата кариера настапуваше и за Наполи, ПСЖ и Манчестер јунајтед. Блескаше во дресот на Светците, каде што беше рекордер по бројот на постигнати голови во историјата, пред да се појави Килијан Мбапе и да го сруши неговиот рекорд.

- Оглас -

Најнови вести