Поранешниот холандски репрезентативец Марк Овермарс има вложено здравје. На крајот од минатата година, односно точно на 30 декември 2022, Овермарс доживеа срцев удар, но лекарите успеаа да го спасат.
Сепак, неговото срце работи со значително намален капацитет, а самиот Овермарс објасни како се чувствува.
„Морам да се борам за воздух кога многу зборам и потребна ми е енергија за да останам фокусиран. Моето срце е 45 отсто мртво, но не сакам да ме жалите. Јас сум среќен човек, само морам енергијата да ја распределувам најдобро што можам. Мора така да биде“, вели Овермарс, кој од март минатата година работи како технички директор во белгискиот Ројал Антверпен.
„Ако на дневен ред имаме важна точка или состаноци, се фокусирам на нив. Потоа опоравувањето трае до следниот ден. Сепак, подобро да умрам тука, отколку ништо да не работам“, додава Овермарс, кој имаше одлична фудбалска кариера.
Офанзивниот крилен играч играчката кариера ја заврши во 2011 година, а ги има носено дресовите на Барселона, Арсенал, Ајакс, Вилем Втори, Го Ахед Иглс и СВ Епе.