0.8 C
Skopje
недела, 21 декември 2025

Легендарниот Игита на 59-годишна возраст ја повтори „шкорпијата“ (Видео)

Креаторот на најпознатата голманска одбрана, Рене Игита од Колумбија, го повтори својот познат „скорпион“, 30 години после оригиналот!

Игита на 6-ти септември 1995 на „Вембли“ во Лондон на пријателски натпревар помеѓу Англија и Колумбија изведе одбрана што влезе во аналите на фудбалот.

Таа одбрана беше рангирана меѓу 100-те најпознати моменти во историјата на спортот, а сега Игита направи нешто слично.

Овој пат не изгледаше толку спектакуларно како пред 30 години, но особено е импресивно што Игита е во состојба да направи нешто вакво дури и на 59 години. Тоа го стори на прошталниот натпревар на Марио Јепес (некогашен играч на Милан и ПСЖ) во Кали покажа дека може да ја направи „шкорпијата“.

Сетете се на легендарната оригинална шкорпија од 1995 година:

- Оглас -

Најнови вести