Легендарниот „Коп“ на Ливерпул реагира: Ќе ги тргнеме знамињата, не навиваме за клуб што го водат алчни луѓе

По реакцијата за респект на Здружението на навивачи на Манчестер јунајтед, со свое соопштение се огласија и симпатизерите на Ливерпул од легендарниот „Коп“ на „Енфилд роуд“.

И тие се противат на идејата за формирање Суперлига и особено на учествово во неа на нивниот омилен клуб. Протестот на двете големи армии на навивачи, на Манчестер јунајтед и на Ливерпул, кои се најтрофејни клубови во Англија, има огромна тежина.

„Ние заедно со останатите групи на навивачи на Ливерул ќе ги тргнеме знамињата од трибината. Не навиваме за клуб што е воден од алчни луѓе за пари“, објавија од Spion kop, една од најпознатите навивачки фракции на 19-кратниот англиски првак.

Во знак на поддршка со идентична иницијатива се солидаризираа и навивачите на Челзи, па ќе нема транспаренти и клупски обележја ниту на „Стемфорд бриџ“.

Со силен аргумент против учество во Суперлигата претходно се огласија и навивачите на Манчестер јунајтед, клуб што е најтрофеен во Англија со 20 шампионски круни.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести