Легендарниот НБА кошаркар нема дилеми: „Јокиќ е најдобриот странец во историјата на НБА лигата“

Кошаркарите на Денвер конференциското полуфинале го започнаа неочекувано со пораз на домашен терен од Минесота. Актуелниот НБА шампион со тоа направи чекор назад кон одбраната на трофејот, но легендарниот НБА кошаркар, Чарлс Баркли, смета дека Денвер нема да има проблем да дојде до нов триумф во НБА лигата.

Баркли се осврна и на Никола Јокиќ, во пресрет на прогласувањето на најкорисниот играч за тековнава сезона, кој ќе се одржи вечерта помеѓу среда и четврток по македонско време.

„Додека не се појави Јокиќ, Дирк Новицки беше најдобриот странски кошаркар во историјата на НБА лигата. Мислам дека Денвер ќе ја одбрани титулата.“ – рече Баркли.

- Оглас -

Најнови вести