Легендарниот Пипо има нова задача, да ја спаси Салернитана од испаѓање од Серија А

Легендарниот италијански фудбалер, Филипо Инѕаги и официјално е назначен за нов тренер на Салернитана.

Популарниот Пипо Инѕаги доаѓа на местото на Пауло Соуса кој доби отказ поради слаби резултати. Салернитана моментно се наоѓа на 19-та позиција на табелата во Серија А со само три освоени бодови, и нема ниту една победа и Инѕаги го очекува тешка задача да ја спаси екипата од испаѓање.

Инѕаги во Салернитана доаѓа од Реџина која игра во Серија Б. Пред Реџина, Инѕаги седеше на клупата и на Милан, Бреша, Беневенто, Болоња и Венеција.

Филипо Инѕаги „задоцни“ десет дена за братскиот дуел со Симоне Инѕаги. На 30-ти септември, Салернитана загуби загуби со 4:0 од Интер кој го предводи токму Симоне Инѕаги. Евентуалната братска пресметка во Серија А би требало да биде во февруари идната година.

- Оглас -

Најнови вести