Легендарниот „Пољуд“ оди во историјата, Сплит ќе гради нов стадион?

Градската управа на Сплит разгледува неколку опции за стадионот „Пољуд“, а од најавите на стручните лица може да се заклучи дека рушењето на легендарниот стадион и изградба на нов на негово место во моментов е најреалната опција.

Стадионот кој официјално беше пуштен во употреба во 1979 година прерасна во симбол на Сплит, но доколку биде донесена одлука за изградба на нов стадион, тогаш и капацитетот би се зголемил од сегашните 33.000 на 40.000.

Изградбата се предвидува дека ќе чини 205 милиони евра, а во моментов се смета дека реконструкција на стадионот кој се наоѓа во лоша состојба не е исплатлива и не би променила ништо.

Планот е Хајдук своите натпревари до 2029 година да ги игра на „Пољуд“, а дотогаш да биде реконструиран стадионот во „Младинскиот парк“, кој би бил нов дом за сплитските „бели“ во периодот додека се гради новиот стадион. Заменскиот дом на Хајдук би имал капацитет од 10.700 места и би ги исполнил сите стандарди на УЕФА.

- Оглас -

Најнови вести