Легендарниот шпански фудбалер, Раул Гонзалес, е главен фаворит да седне на клупата на Унион Берлин, објавија шпанските и германските медиуми.
Унион Берлин по 11 одиграни кола во Бундеслигата се наоѓа на последното место на табелата со само шест освоени бодови, а е последен и во својата група во Лигата на шампионите со еден освоен бод по четири кола.
https://twitter.com/postunited/status/1728389390370562244
Поради очајните резултати, Урс Фишер доби отказ, моментно екипата ја води тренерот на вториот тим, Марко Гроте кој е привремено решение, а челниците на екипата токму во Раул Гонзалес го гледаат долгорочното решение.
Раул кој е вистиска легенда на Реал Мадрид и на шпанскиот фудбал, моменто е тренер на вториот тим на Кралевите.
Тој во играчката кариера, освен за Реал Мадрид, настапуваше и за Шалке (2010-2012).