Единствената тема во светската фудбалска јавност денес е одлуката на САС со која го дозволува формирањето на Суперлигата или кое било друго натпреварување кое нема да биде под капата на УЕФА и ФИФА.
Со своја реакција се јави и легендарниот Карл-Хајц Румениге, кој ги обвини шпанските гиганти дека сакаат да ја уништат Премиер лигата.
„Серија А би станала Серија Б, Бундеслигата – ‘цвајта’ … А знаете зошто се случува ова? Исклучиво за да биде оштетена Премиер лигата бидејќи е најдобрата лига и многу заработува. Реал Мадрид и Барселона сакаат да ѝ наштетат, па ја измислија Суперлигата“, вели германската легенда.