Додека Лионел Меси се подготвува да го продолжи договорот со Интер Мајами, и тоа до 2028 година, еден друг негов соиграч се подготвува за крај на кариерата.
Легендарниот шпански фудбалер од средниот ред, Серхио Бускетс, на крајот од оваа сезона во МЛС-лигата, некаде кон крајот на ноември, ќе ја заврши професионалната фудбалска кариера, а наскоро тоа и официјално ќе биде објавено.
Шпанските медиуми тврдат дека Бускетс нема да ја продолжи сорабоката и на крајот од тековниот договор ќе се пензионира.
Бускетс се пресели од Барселона во Интер Мајами во јули 2023 година и заедно со Меси и Алба повторно го формираа каталонското трио. За репрезентацијата одигра неверојатни 143 натпревари и ги освои Европското првенство во 2012 година и Мундијалот во 2010 година.
Со екипата на Барселона освои 32 трофеи.