Мајк Кшижевски вечерва за последен пат ќе го води Дјук пред нивните навивачи, откако тој најави пензионирање на крајот од оваа НЦАА сезона.
Легендарниот тренер го води овој НЦАА тим од 1980 година, по што ќе започнат активностите на „мартовското лудило“ во најквалитетната колеџ кошарка. „Коуч – Кеј“ како што популарно го нарекуваат во САД со Дјук има освоени пет титули во НЦАА шампионатот.
Точно на полноќ Дјук ја пречекува Северна Каролина во најголемото дерби во колеџ кошарката, а за тоа колкав е интересот говори и фактот дека најевтиниот билет изнесува неверојатни четири илјади, додека најскапите ја надминуваат и бројката од сто илјади долари.