Легендарниот тренер откри зошто не остана ни 100 часа во новиот клуб

Мирчеа Луческу само четири дена успеа да остане на клупата на Динамо Киев. Романскиот тренер потпиша двегодишен договор со Динамо, но во ниедна не успеа да го собере тимот и да направи тренинг. Луческу си замина и тоа по притисокот кој го направија фановите на Динамо Киев.

Која беше причината зошто навивачите на Динамо не го сакаат Луческу на клупата на својот омилен тим? Луческу во минатото дури 12 години беше тренер на Шахтар Донецк. Како предводник на Шахтар, во периодот од 2004 до 2016 година романскиот стратег во тимот од Донецк донесе осум титули во украинското првенство, шест во Купот и седум во Суперкупот на Украина. Токму затоа тренерот кој донел толку многу трофеи за Шахтар, едноставно сега не може да биде предводник на Динамо.

„Со жалење одлучив дека е невозможно да соработувам со Динамо Киев. Морав да се откажам затоа што таму постоеше непријателско опкружување, кое посебно го создадоа ултрасите на клубот. Сакав да се вратам во фудбалот во Украина, каде што успеав да направам токму многу и да освојам многу трофеи“, вели Луческу.

Доведувањето на Луческу на клупата на гигантот од Киев, фановите на Динамо го сметаат како плукање директно в лице на сите навивачи на овој клуб.

- Оглас -

Најнови вести