Легендарниот тренер го издаде „својот“ клуб, а по четири дена мораше да си замине од клупата на најлутиот ривал

Мирчеа Луческу пред четири дена прифати и потпиша договор со Динамо Киев. Овој договор беше шокантен ако се знае дека Луческу дури 12 години претходно беше на чело на Шахтар Донецк, клуб кој е најголем ривал на Динамо. Од 2004 до 2016 година романскиот стратег го предводеше Шахтар до осум титули во украинското првенство, шест во Купот и седум во Суперкупот на Украина.

Токму овие успеси кои Луческу ги имаше со Шахтар го направија да биде легенда на клубот, па неочекуван беше потегот за негов потпис со Динамо Киев. Договорот со гигантот од Киев беше на две години, но остана само четири дена. Луческу не одржа ниту еден тренинг во новиот клуб, а се верува дека навивачите на Динамо направиле притисок за да си замине тренерот.

Во повеќе од 40-годишната тренерска кариера, Луческу беше на чело на екипи како: Динамо Букурешт, Бреша, Реџина, Рапид Букурешт, Интер, Галатасарај, Бешикташ и Зенит, а бил селектор на Романија и на Турција.

- Оглас -

Најнови вести