Легендарниот Ван Перси на чекор од нов голем предизвик

На листата меѓу најдобрите голгетери во изминативе 20 години сигурно има место за Робин ван Перси. Холанѓанецот ја заврши играчката кариера во 2019 година, но остана во фудбалот и веднаш се впушти во тренерските води.

Ван Перси веќе четири години работи како тренер во Феенорд. Започна како асиситент во сениорскиот тим, а потоа се префрли со работа во младинските категории, а моментално е предводник на тимот до 19 години.

Холандските медиуми најавуваат дека Ван Перси е потенцијален кандидат за нов тренер на Херенвен. Овој тим бара нов тренер затоа што договорот на актуелниот стратег Кес Ван Вондерес истекува на крајот од сезоната. Херенвен моментално е на 11-тото место на табелата во првенството и речиси е јасно дека клубот ќе бара нов предводник за следната сезона.

Ван Перси во фудбалската кариера блескаше како играч на Феенорд, Арсенал, Манчестер јунајтед, Фенербахче, а на крајот повторно заврши во Феенорд. На клупски план одигра 593 средби и одигра 272 гола. На репрезентативно ниво, во дресот на холандскиот национален тим имаше 102 настапи и 50 гола.

- Оглас -

Најнови вести