Легендарниот холандски фудбалер, Весли Снајдер, во 2019 година стави крај на активното играње фудбал, но сега на 41-годишна возраст се одлучи да ја прекине пензијата и да му се врати на фудбалот.
Снајдер настапува за аматерскиот тим од четвртата лига во Холандија, ОСМ 75, а таму помошник тренер е неговиот постар брат Џефри, па веројатно и тоа е причината за повторното активирање на фудбалските терени.
Холанѓанецот има 134 настапи за репрезентацијата, а на клупски план настапуваше за Ајакс, Реал Мадрид, Интер, Галатасарај, Ница и Ал-Гарафа. Во 2010 година со Интер ја освои и Лигата на шампионите.

