Лука Модриќ следната сезона ќе го носи дресот на Милан, а овој трансфер е сигурно најголемиот во Италија, веројатно по оној на Кристијано Роналдо во Јувентус. Италијанските медиуми се полни со информации околу преселбата на Хрватот во Серија А, а еден од оние кои зборуваше во суперлативи за Модриќ е и легендарниот Кристијан Виери.
„Тоа беше шанса која едноставно не смееше да се испушти. И јас кога би бил, би потпишал договор со Модриќ. Во Италија фудбалерите од неговиот калибар може да одиграат 40 натпревари со цигарата во уста. Модриќ ќе им го покаже вистинскиот пат и на младите фудбалери во Милан како да станат вистински фудбалери“, вели легендарниот Бобо Виери.