29.8 C
Skopje
вторник, 12 август 2025

Легендарниот Виктор Валдес си поднесе оставка само по четири меча на клупата на шпански четвртолигаш

Виктор Валдес остави траен белег на голот на Барселона, кој го бранеше цели 12 сезони. Во 2014 година си замина од Каталонија, па бранеше и за Манчестер јунајтед, Стандард Лиеж и Мидлсборо, пред да се пензионира и да започне тренерска кариера.

Сепак, тренерската кариера ни одблиску не е како онаа додека беше активен на фудбалските терени. Последниот ангажман го имаше во шпанскиот четвртолигаш Реал Авиља, но си поднесе оставка само по еден месец.

Екипата ја водеше само на четири меча, со ефект од по две победи и порази, а си замина по елиминацијата во разигрувањето за пласман во повисок ранг. Раководството и навивачите се непријатно изненадени од неговата одлука, со оглед на тоа дека се чинеше дека конечно пронајдоа трајно решение за тренерската позиција, а договорот на легендарниот Валдес беше и за наредната сезона.

Поранешниот голман на Барселона беше дел и од младинските екипи на Каталонците, а беше задолжен и за тренирање на голманите.

- Оглас -

Најнови вести