Легендата Дел Пјеро после 10 години се врати на стадионот на Јуве – и се разочара (Видео)

Јувентус на свој терен се спасуваше од пораз против Болоња, и после овие 1-1, речиси ги загуби шансите за титула во Серија А. Марко Арнаутовиќ беше стрелец на голот за водство на гостите, а Душан Влаховиќ во 95-та минута му донесе бод на Јуве.

Болоња во последните десетина минути играше со двајца фудбалери помалку, двете исклучувања беа во рок од 5 секунди во 85-та минута, но Старата дама која играше во необични (за многумина грди) дресови, одвај го најде патот до голот.

Сепак, главна ѕвезда на стадионот беше човек кој седеше во ложата. Легендата на Јуве, Алесандро Дел Пјеро, после десет години првпат се појави во Торино да го гледа тимот во кој се прослави како играч.

Дел Пјеро доби големи овации кога се појави:

- Оглас -

Најнови вести