Изминатиов период Светската фудбалска федерација, ФИФА се обидува да ја имплементира идејата да гледаме Светско првенство во фудбал на секои две години.
Ваквата идеја на ФИФА е слична како во ракометот, каде што најдобрите светски репрезентации ги гледаме на секои две години. Сепка, голем број на федерации, како и Европтката федерација на фудбалот, УЕФА се против вакво нешто.
Сегашниот извршен директор на УЕФА, легендарниот фудбалер, Звонимир Бобан го искажа своето мислење за ваквата идеја.
„Ќе бидам краток и јасен, идејата да гледаме Светско првенство на две години е полоша од таа за Суперлигата. Убавината на СП е тоа што го чекаме подолго време, а ако играат на секои две години, таа магија се губи“ се зборовите на Бобан.
Некогашниот репрезентативец на Југославија, а подоцна и Хрватска, е легенда на Динамо Загреб, а најдобрите фудбалски денови ги имаше во Милан во периодот од 1991 до 2001 година.