21.8 C
Skopje
петок, 26 септември 2025

Легендата на Баерн: „На Вирц ќе му беше подобро во Минхен, отколку во Ливерпул“

Легендата на Баерн Минхен и воопшто на германскиот фудбал, но и поранешен извршен директор на клубот, Карл-Хајнц Румениге, искрено призна дека не може да го прежали фактот дека Флоријан Вирц го одбра Ливерпул, а не баварскиот гигант кога летово си замина од Баер Леверкузен.

„Треба чесно да кажам дека сè уште жалам за Флоријан Вирц бидејќи мислам дека тој би бил многу подобар во Баерн Минхен отколку во Ливерпул“, кусо искоментира Румениге.

Флоријан Вирц летово направи трансфер од Баер Леверкузен во Ливерпул за сума од 125 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести