Заминувањето на Марко Ројс од Борусија Дортмунд се најавува уште од минатата сезона, но тогаш навивачите на „милионерите“ не дозволија легендата на клубот да си замине.
Сепак, сега се чини дека престојот на Ројс во Дортмунд заврши после 12 години. Неговиот договор завршува на 30-ти јуни и дефинитивно нема да биде продолжен, па тој од први јули ќе биде слободен. Во моментов се уште не е позната судбината на 34-годишниот фудбалер, дали тој ќе има нов клуб или ќе ја заврши фудбалската кариера.
Марко Ројс во 2012-тата година од Борусија Менхенгладбах пристигна во Борусија Дортмунд. За „милионерите“ одигра 424 натпревари, на кои постигна 168 гола. Во овие 12 години по двапати ги освојуваше Купот и Суперкупот на Германија, а во 2013-тата година загуби во финалето на Лигата на шампионите. За репрезентацијата на Германија има 48 настапи и 15 гола.