5.8 C
Skopje
недела, 16 ноември 2025

Легендата на Ливерпул искрено: „Сити никогаш нема да биде поголем клуб од Јунајтед!“

Џејми Карагер е вистинска легенда на Ливерпул, која цели 17 сезони го носеше дресот на „црвените“ и никогаш не заигра за друга екипа. Сега како стручен коментатор на „Скај спортс“ ги пецна навивачите на Манчестер сити.

„Манчестер сити никогаш нема да биде поголем клуб од Јунајтед. И ривалството помеѓу Ливерпул и Манчестер сити никогаш нема да има такво значење, како ривалството помеѓу Ливерпул и Манчестер јунајтед. Тоа нема да се случи, невозможно е.“ – рече Карагер.

Неговата изјава сигурно дека ќе ги налути фановите на „граѓаните“, а навивачите на Манчестер јунајтед сигурно дека ќе бидат задоволни од изјавата на поранешниот фудбалер кој беше голем ривал со нивниот клуб во времето кога играше.

- Оглас -

Најнови вести