Легендата на Ливерпул Греам Сунес, го советува Манчестер јунајтед да тргне по потписот на Лионел Меси, додека кризата уште владее во таборот на Барселона.
Сунес вели дека сега е вистински момент да се ангажира капитенот на Каталонците, кој претрпе ново големо разочарување по дебаклот од Баерн Минхен со 8-2.
„Меси наликуваше на човек кој се умори да го носи цел тим на неговиот грб. Сега е вистински момент да се атакува за неговиот потпис, кризата на „Камп ноу“ уште е свежа. Барселона без него едвај ќе обезбедува пласман во Лигата на шампионите во иднина“, истакна Сунес.
Овие денови актуелна тема е смената на Кике Сетјен, се бара оставка на првиот човек Бартомеу, додека речиси цел тим е ставен на продажба со цел да се направи тотална реконструкција во Барселона.