Легендата на Реал нема проблем да биде тренер на Барселона

Поранешниот плејмејкер на Реал Мадрид, Гути, призна дека не би одбил понуда да стане тренер на Барселона, но мисли дека каталонскиот клуб не треба да го отпушти Роналд Куман.

„Да ја водам Барселона? Зошто да не? Слободен сум во моментов. Сакам да бидам тренер и да им докажам на луѓето дека можам да бидам успешен и како тренер. Лесно е да отпуштите тренер, но треба да му се дозволи да работи и да му се даде време. Не е точно дека Барселона не го поддржува доволно Куман, тој ги има играчите кои сам ги бараше“ – вели Гути, кој е роден во предградие на Мадрид, а во минатото честопати преку социјалните мрежи објавуваше шеги и провокации кон Барселона.

- Оглас -

Најнови вести