Легендата на Реал тврди: „Има совршена замена за Анчелоти, а Перес тоа многу добро го знае“

Во Шпанија одвреме-навреме се покренува темата кој би го заменил Карло Анчелоти на клупата на Реал Мадрид. Иако тренерот не е пред заминување или пред отказ, оваа тема сепак е интересна за јавноста. Познато е дека има четворица кандидати за негова замена, секако, кога ќе дојде време за тоа. Тоа се Чаби Алонсо, Зинедин Зидан, Алваро Арбелоа и Раул.

Легендарниот фудбалер од средниот ред на Кралскиот клуб, Гути, во гостување на поткаст даде свое мислење за овие шпекулации.

„Што се однесува до мене, Зидан е најдобар можен тренер за Реал Мадрид. Совршен е за оваа екипа и Флорентино Перес тоа многу добро го знае. Флорентино сигурно размислува за Алонсо, но никој не мислеше дека Анчелоти ќе се врати во Реал, па се случи тоа. Никогаш ништо не треба да се исклучи кога Реал е во прашање“, вели Гути.

- Оглас -

Најнови вести