Екипата на Комо одигра 1:1 на свој терен против Козенца во последното коло од Серија Б и тоа беше доволно да имаат причина за големо славје. Комо го освои второто место во Серија Б и со тоа обезбедија директно место во Серија А за следната сезона. По точно 21 година, Комо ќе се врати во елитното италијанско друштво.
🇮🇹 @Como_1907 finish their Serie B campaign in 2nd on 73 points, earning direct promotion to Serie A next season 🆙 pic.twitter.com/O5z8UOT3Ew
— CBS Sports Golazo ⚽️ (@CBSSportsGolazo) May 10, 2024
Комо е најатрактивниот тим во Серија Б сезонава и тоа благодарение на тоа што во клубот се појави Сеск Фабрегас. Некогашниот играч на Арсенал, Челзи и Барселона, но и освојувач на Светското првенство од 2010 година, во Комо ја заврши играчката кариера, а потоа остана таму како тренер, но и сопственик на дел од акциите на клубот.
Дел од акциите на клубот имаат и Тјери Анри и Денис Вајс. Токму Анри, но и Џејми Варди беа на трибините на мечот по кој Комо славеше влез во Серија А. Фабрегас треба да ги помине тренерските курсеви, а потоа се очекува да биде тренер на првиот тим на Комо.