Велат ракометот е спорт број 1 во Македонија, а спектаклот „Легендите на сцена“ во организација на „Спортското радио 90.3“ кое слави 20 години од своето постоење, ги оправда очекувањата.
Во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје на терен се појавија многу легенди, поделени во два тима, едниот македонски со Веселин Вујовиќ на клупа и другиот со странци предводен од Лино Червар. Публиката уживаше и се забавуваше.

Од една страна голманите Царчев, „Диви“ Ангелов, од друга Штербик (покажа дека уште е феноменален голман) и „Џамбо“ Милиќ, во Македонија се појавија бомбардерите Пепи Манасков, Кире Лазаров, потоа Филип Миркуловски, Стојанче Стоилов, Иван Марковски, Аце Станковски, Ванчо Димовски, Бранко Ангеловски, Раде Стојановиќ, кај странците Канељас, Карачиќ, Вугринец, Штрлек, Чупиќ, Шишкарев, Карачиќ…

Резултатот воопшто не беше во преден план, а на крајот овој спектакл заврши нерешено, 30-30, откако се одиграа три периоди од по 15 минути.


