Легендите на Челси, Тери и Лампард денеска се најголеми ривали

Џон Тери и Франк Лампард се синоним за Премиер лигата. Две големи ѕвезди кои заедно растеа и созреваа во дресот на Челси. Тери дојде на „Стемфорд бриџ“ во 1998 година и играше таму до 2017 година. За тоа време, дури 13 сезни ги помина заедно со Франк Лампард. Еден од најдобрите креативци во Премиер лигата, дојде во лондонскиот тим во 2001 година и остана до 2014 година. Тоа значи дека за целиот свој престој во Челси, Лампард бил соиграч со Тери.

Легендарниот дефанзивец Тери одигра вкупно во 717 меча даде 67 гола, а освои пет титули во Премиер лигата, пет ФА купа, три Лига купа, два трофеи во Комјунити Шилд, како и по еден пехар во Лигата на шампиони и Лигата на Европа. Лампард во вкупно 648 меча има 211 погодоци, а од трофеите, покус е за еден во првенството и по еден во ФА и Лига купот на Англија.

Вечерва Тери и Лампард ќе бидат ривали и тоа најголеми. Двајцата ќе бидат во улога на тренери, еден против друг, со иста мисија. Да се избори пласман во Премиер лигата. Мечот од финалето на плејофот ќе се игра на „Вембли“. Тоа е и најскапиот фудбалски натпревар во историјата! Самото тоа покажува колкав е влогот.

Тери, кој е помошник тренер во Астон вила, веќе има едно горко искуство во меч од финале во плејофо за влез во Премиер лигата. Минатата сезона неговиот тим загуби од Фулам во најважниот дуел. Лампард за прв пат ќе биде тренер на волку значаен меч, но притисокот не би требало да му е проблем, бидејќи како играч покажувал дека знае да одговори најдобро, кога е најпотребно.

СЕЗОНАВА Е 7:0 ЗА АСТОН ВИЛА

Овие два тима сезонава одиграа два меча, а Астон вила во двата победи убедливо. Еднаш беше 3:0, а потоа и 4:0, што значи дека Лампард ќе мора да најде нова тактика и решение за да не се предаде предвреме на „Вембли“. Астон вила победила шест пати во последните девет меча против Дерби, но тоа што треба да го загрижува тимот од Бирмингем е фактот дека кога играл на „Вембли“, има пет порази во шест средби.

Вечерва ќе видиме кој од овие два тима ќе се приклучи на Норич и Шефилд како патници за во Премиер лигата за следната сезона.

 

- Оглас -

Најнови вести