Легендите го играат последниот тениски танц заедно, а неверојатното трио велемајстори – Роџер Федерер, Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ покажаа дека се ненадмината класа на Род Лејвер купот.
Федерер го игра прошталниот турнир, а веќе се прости со настапот во Лондон во игра на двојки заедно со Рафаел Надал. Двајцата заедно имаат дури 42 гренслем титули, а со нив во тимот на Европа е третиот тениски великан, Новак Ѓоковиќ кој додава 21 гренслем титула, или вкупно 63 на триото ненадмината мајстори на тениската игра.
Колку значат и се почитуваат меѓусебно и покрај огромниот ривалитет покажаа и на исклучително емотивното простување на Федерер, кога со него заплакаат и Надал и Ѓоковиќ.
Потоа и си помагаа со совети на дуелот со Тимот на остатокот на Светот, а Федерер се грижеше Ѓоковиќ да не остане жеден на дуелот со Франсис Тиафо.
.@rogerfederer: Always looking out for teammates.#LaverCup | @DjokerNole pic.twitter.com/qaZ8FaYsZK
— Laver Cup (@LaverCup) September 24, 2022
Претходно Новак во улога на тренер ги советуваше Федерер и Надал како да одиграа на мечор во двојки против Сок и Тиафо, што беше и проштален меч за Швајцарецот, кој ја заврши кариерата со настапот во Лондон.
Novak Coaching Rafa and Roger Has To Be The Best Moment In Tennis History ❤️ pic.twitter.com/r7MGIApd3x
— Hashim Malik (@DrHashTagHim) September 23, 2022