Кошаркарите на Денвер нагетс ја оправдаа фаворитската улога и го победија ослабениот ЛА Лејкерс на домашен терен со 131-126. Иако настапија без Лука Дончиќ и Леброн Џејмс, сепак лесно можеше да се случи победата да ја однесат и „езерџиите“, кои имаа водство од три поени во самиот финиш.
Никола Јокиќ го заврши мечот со 28 поени, седум скока и пет асистенции, што е под неговиот овосезонски просек од 29 поени, 12.9 скока и 10.4 асистенции.
Кошаркарите на Атланта и ЛА Клиперс срушија негативен рекорд и ја одиграа четвртината со најмалку поени оваа сезона. Во третиот период беа постигнати само 43 поени, домашните постигнаа осум, а гостите 35 поени.
Резултати:
Мајами – Бостон 91-103
Филаделфија – Индијана 100-112
Атланта – ЛА Клиперс 98-121
Хјустон – Далас 133-96
Мемфис – Кливленд 124-133
Минесота – Орландо 118-111
Сан Антонио – Шарлот 134-145
Денвер – ЛА Лејкерс 131-126
Јута – Торонто 118-126
Феникс – Сакраменто 122-106
Роналдо може без проблем да игра до 64 год. (колку што е кај нас границата за пензионирање а за него може и повеќе бидејќи постојано се фали со својата физичка спремност) Па и ако не може да трча нека изведува само пенали за внуците на шеиковите. Така ќе постигне над 1000 голови доволно за да биде подобар од ПЕЛЕ и ќе стане НОВ КРАЛ на фудбалот што му е животна желба