Лејкерс ги победи Пеликанс и отворено го кани Ентони Дејвис

Лос Анџелес лејкерс го совлада Њу Орлеанс, но можеби извојува уште една голема победа, а тоа е во обидот да го привлече во своите редови 25-годишниот крилен центар Ентони Дејвис. Пред неколку дена, Леброн Џејмс изјави дека би било прекрасно доколку игра во ист тим со Дејвис, а публиката во „Стејплс центарот“ со овации го поздрави Дејвис, кој одговори со 30 поени и 19 скока.

Пеликанс сезонава можеби ќе го пропушти плејофот и тоа ќе биде причина плус за Дејвис да си замине и да се пресели во Лејкерс. Џејмс кој направи трипл-дабл од 22 поени, 14 асистенции и 12 скока, во првата четвртина имаше седум асистенции и како да сакаше да му докаже на Дејвис дека не е себичен и оти ако дојде во „езерџиите“, ќе добива доволно топки и ќе може да има добра лична статистика, покрај тоа што би се борел за титула.

Сан Антонио даде 19 тројки во победата над Минесота, а притоа седми меч по ред прима помалку од 100 поени, и тоа е голем напредок ако се знае дека декември го почнаа со три порази од 30 или повеќе поени разлика. За Бруклин заврши серијата од седум победи по ред, а најзаслужен е Виктор Оладипо кој даде 14 поени во последната четвртина и беше клучниот човек на Индијана.

Резултати: Шарлот – Детроит 98:86, Торонто – Кливленд 126:110, Бруклин – Индијана 106:114, Њујорк – Атланта 107:114, Бостон – Милвоки 107:120, Чикаго – Орландо 90:80, Сан Антонио – Минесота 124:98, Портланд – Јута 90:120, Сакраменто – Мемфис 102:99, ЛА Лејкерс – Њу Орлеанс 112:104.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести