Дури 11 натпревари се играат вечерва во кошаркарската НБА лига, а првиот е веќе од 19 часот, а уште два ќе почнат во 21.30 часот и ќе може да се гледаат и кај нас без да се заглавува до раните утрински часови.
Еден од мечевите од 21.30 е дербито Оклахома Сити тандер – ЛА Лејкерс, помеѓу најуспешниот тим во лигата сезонава и третопласираниот тим на Западот кој игра добро во последно време.
Кливленд игра дома со Сакраменто и ако победи ќе го обезбеди првото место на Истокот и низ плејофот во својата конференција ќе ја има предноста на домашниот терен.
Интересно треба да биде и во Сан Франциско каде на Вориорс им гоства Хјустон. Стеф Кари и другарите имаат пет победи по ред, а Ракетите победија на пет од последните шест меча.
Секако Sport Life ви нуди и богата листа од речиси 100 кошаркари на кои може да се обложите на број на поени.