Лејкерс и Милвоки го возвратија ударот (видео)

ЛА лејкерс го возврати ударот против Портланд израмнувајќи на 1-1 во серијата по триумфот од 111:88. На погон на Ентони Дејвис, Езерџиите го поправија настапот од првата пресметка која ја загубија, а шансите за триумф им се зголемија откако Демиен Лилард се повреди и не можеше да го доигра мечот.

За разлика од претходната средба, Лејкерс овојпат доминираа од самиот почеток, по што четвртиот период го отворија со највисока предност од +33 поени.

Дејвис за помалку од 30 минути оствари дабл-дабл учинок од 31 поен и 11 скока, Џејмс не беше на нивото и постигна само 10 поени. Лилард до моментот кога беше на паркетот реализира 18 поени.

Милвоки исто така реализира 111 поени во победата над Орландо од 111:96 за израмнување на серијата на 1-1. Никола Вучевиќ повторно беше најефикасен на средбата, заврши со 32 поени и 10 скока, но Црногорецот овојпат не можеше сам да се надигрува со најдобриот тим од Истокот.

Адетокумбо не дозволи ново изненадување со 28 поени и 20 скока, а доби голема помош од Лопес, кој реализира 20 поени.

И Хјустон застана на 111 поени, надигрувајќи ја Оклахома за водство од 2-0 во серијата по триумфот при конечни 111:98. Харден се мачеше во воведниот дел од средбата шутирајќи 1/8 за три поени, но Брадата се стабилизира во остатокот од мечот и го одведе Хјустон до нова победа.

- Оглас -

Најнови вести