Лос Анџелес лејкерс изедначи на 1-1 во западното полуфинале против Хјустон рокетс, откако Езерџиите ги победија Ракетите со 117-109 во интересен дуел, во кој двата тима имаа шанса да победат. Првата четвртина Лејкерс ја добиjа со 16 поени разлика, имаа и 21 поен предност, но противникот одговори со 41-23 во третиот квартал и во последната четвртина се влезе со тесна предност на Хјустон.
Кога беше најпотребно, Леброн Џејмс ја презеде одговорноста и му донесе значаен триумф на својот тим. Џејмс средбата ја заврши со олраунд-партија од 28 поени, 11 скока, девет асистенции, четири украдени топки и две блокади.
Ентони Дејвис придонесе со 34 поени и беше најефикасен во победничкиот тим. Кај Хјустон, 27 поени даде Џејмс Харден, Ерик Гордон уфрли 24, а Расел Вестбрук имаше 10 поени и 13 скока, но погоди само една тројка од седум обиди.
Леброн Џејмс уште пред мечот привлече внимание со изгледот на кломпите со кои дојде во сала, а и по мечот додека даваше изјава, беше во истите кломпи.
Погледнете го и решавачкиот кош на Џејмс со кој дефинитивно го одлучи победникот:
Bron hit a fadeaway dagger to ice Game 2 pic.twitter.com/NLhyDDrly3
— Bleacher Report (@BleacherReport) September 7, 2020