Лејкерси направија неверојатен подвиг, но потоа се посрамотија (Видео)

Лејкерс успеаа да надополнат девет поени негатива во последните 30 секунди од регуларниот дел против Филаделфија и да се изборат за продолжение, а потоа и да се посрамотат и да загубат со двоцифрена разлика на крајот.

Филаделфија водеше со 119:110 на половина минута до крајот, кога Лејкерс направија неверојатен пресинг и стигнаа до 120:120, а Дејвис дури имаше и слободно фрлање кое го промаши на 3,7 секунди до крајот за да донесе предност на гостите.

Мечот потоа замина во продолжение, каде Лејкерси се „изгубија“. Ако за 30 секунди постигнаа девет поени, овојпат во пет минути игра успеаа да постигнат само два поени и на крајот загубија со 122:133.

Резултати на мечевите кои се играа ноќеска во НБА: Шарлот – Њујорк 102:121, Индијана – Вашингтон 121:111, Орландо – Торонто 113:109, Бруклин – Атланта 120:116, Кливленд – Сакраменто 95:106, Мемфис – Детроит 114:103, Њу Орлеанс – Феникс 128:117, Јута – Минесота 108:118, Далас – Мивоки 105:106.

- Оглас -

Најнови вести