Лејкерси тргнаа по Дурант, нудат четворица играчи и два избора од драфтот

Челниците на Лос Анџелес лејкерс по разочарувачката сезона која ја завршија во првото коло од плејофот (пораз од Денвер со 4-1 во победи), бараат начин како да се вратат во битката за титулата и планираат да донесат уште една супер ѕвезда, па изборот падна на Кевин Дурант, кој минатата сезона играше за Феникс санс.

И Сонцата, како и Лејкерси, загубија во првото коло од плејофот од Минесота (4-0), а Дурант има уште две години од договорот кој ќе му донесе 51,1 милиони долари следната сезона и 54,7 милиони за сезоната 2025/26.

Според медиумите во САД, Феникс ќе ја прифати понудата на ЛА лејкерс само ако во спротивна насока го испратат Ентони Дејвис.

Лејкерси немаат намера да се откажат од Дејвис и ги нудат Данџело Расел, Макс Кристи, Тајрон Принс, Руи Хачимура и уште два избора од идните драфтови во замена за еден од најдобрите кошаркари на денешницата.

- Оглас -

Најнови вести